10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Попис на населението ќе има напролет, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

„СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата. Со предлог-законот за попис имаме за цел оваа статистичка операција сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција, се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари“, соопшти СДСМ.

Според партијата, неконструктивната опозиција и сега е против одржување попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади.

„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ ги блокира дополнувањата на Деловникот ги блокира измените на Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи, едноставно опозицијата блокира сè што е во интерес на граѓаните и државата.
Нашата држава е единствена во регионот и пошироко која нема организирано попис 18 години. Релевантни и точни статистички податоци за нашето население им се неопходни на граѓаните, институциите, бизнисот и науката, неопходни се за развојот и растот на економијата. Затоа попис напролет ќе има. СДСМ ќе продолжи да работиме за доброто на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ остануваат сама, блокирана, изолирана во белата палата во стечај, да ги брои своите порази“, се додава во соопштението.