„Една од клучните задачи на МВР е да извршиме контрола и надзор на мерките за заштита од вирусот. Се наоѓаме во ситуација кога лесно се шири вирусот, а бројката заболени дава притисок врз здравствениот систем. Изморени ни се медицинските работници, и пред се заради нив, но и заради животот и здравјето на граѓаните мроаме да ги почитуваме мерките. Им оддавам признание на поголемиот дел од граѓаните кои ги почитуваат мерките, но имаме одреден процент кои и понатаму не ги почитуваат, а тоа е сосема погрешно и неодговорно, со тоа придонесуваат за ширење на вирусот и загрозување на здравјето. Ние сме на терен изминатите месеци, ако видите наша статистика во билтените зголемен е интензитетот за контрола на мерките. На пример, за неносење на заштитина опрема во септември имавме преку 1000 казни, но сега таа бројка е намалена што значи се јакне свеста кај граѓаните.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Утрински брифинг.
Тој ги соопшти бројките од изминатиов викенд во врска со контролите извршени од полицијата заедно со пазарните инспектори, со цел да проверат дали се почитуваат мерките на терен.
„За периодот од 25ти кон 26-ти декемви имаме извршено 370 контроли во објекти и имаме четири прекршувања. На 26-ти кон 27-ми имаме 450 посети и утврдено пет прекршоци, синоќа пак, имаме 412 контроли и при тоа се најдени шест прекршувања на мерките за заштита. Ако погледнеме за еден викнд имаме неколку покарактеристични случаи, во скопски Аеродром имавме активности во угостителски објект, имаме приведено едно лице заради непочитување на наредби на службено лице. Во општина Карпош имавме контроли и изречени се забрани за работа, во Тетово исто така имаме прекршоци. За една од поголемите забави во Волково, освен што ја растуривме забавата, пронајдена е дрога кај присутните. Во Кумановои имаше семејна веселба со огнено оружје, при тоа таму имаме две кривични дела, едното за непочитување на мерките и второ предизвикување на општа опасност.“- изјави министерот потенцирајќи ги викенд успесите на полицијата.