АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла видливоста е намалена од 70 до 80м. на патниот правец Куманово- Страцин, од 20-30м. на патниот правец Тетово- Попова Шапка и до 100м. на планинскиот превој Ѓавато.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
РАБОТИ НА ПАТ:
Г.П. Викторија Инвест од 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.
Г.П Илинден – Струга од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани започна со изведување на градешни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ке се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообракајот при изведување на работите ке се одвива по една сообракајна лента, сообракајот ке се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир). На овој патен правец во претстојниот период ќе се интензивираат работите на пат и препорачуваме прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.
Од 21.09.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на државен пат Р1202 (Р409), делница Маврови Анови – Жировница, односно од Маврови Анови до с.Трница, за што се врши промена на режимот на сообраќај. Сообраќајот се регулира со светлосна сигнализација, односно семафори.
Виадукт трејд од 16.09.2020 г. започна со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се врши комплетно затворање на сообраќај.
Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с.Злетово, преку с.Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.
Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 година, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 3.5 тони. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.
Виадукт трејд известува дека од 25.05.2020 г. започна со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што се врши промена на режимот на сообраќај во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:
Според информација од ЦУКС Скопје известуваме дека од 15.10.2020 г. до завршување на активностите за реконструкција на коловозот на бул. Александар Македонски, на оваа делница е воведен нов времен режим на сообраќај. Од к-цата на бул. Александар Македонски и улицата 16-та Македонска бригада едната сообраќајна лента (брзата крајна лева) од правецот Куманово-Скопје, за влез во Скопје, ќе се пренамени за излез од градот, додека другите две што се упатуваат кон клучката Континентал, возачите можат да ги користат за влез во градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.