23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Да ги спречиме дезинформациите за вакцините преку позитивно информирање на граѓаните

„Ние имавме бројни дезинформации околу појавата на Ковид-19, а сега веќе се соочуваме со нови дезинформации околу вакцината. Затоа велам дека Ковид-19 и вакцината, како една од главните мерки поврзани со излезот од таа пандемија ќе бидат во главниот фокус и понатаму. Се разбира, информирањето околу мерките, околу заштитата, маските, дистанцата, негрупирањето ќе продолжат, се надевам,имајќи ја предвид вакцината, во помал обем. Но, ќе продолжи информирањето за мерките што државата ги обезбедува за ранливите категории граѓани и за сите граѓани кои се погодени од кризата, без разлика дали станува збор за економска помош или за друг тип на социјална помош или за здравствени мерки. Несомнено, Ковид-19 и во 2021 ќе биде тема број еден.“- рече Марјан Забрчанец, Национален координатор за комуникации на конференцијата организирана од Цивил со наслов „Перспективи 2021“.

Забрчанец дополни дека и следната 2021 година ќе биде Ковид година, но полека ќе излегуваме од пандемијата.

„Пред сé, мислам дека ќе продолжат оние, би ги нарекол, вонредни или кризни комуникации во јавноста, поврзани со справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19, со тоа што овој пат имаме нов предизвик пред нас, а тоа е информирањето на населението во врска со вакцината. Во 2021 треба да се случи масовна вакцинација на светската популација, вклучително и на граѓаните на Северна Македонија. Очекувам тука масовно информирање од страна на владата и на институциите кон граѓаните, со цел да ги доближат информациите за бенефитот од вакцината, дека тоа е научнопроверена медицинска состојка што, и тоа како, треба сите граѓани да ја примат, со цел да се заштитиме од светската пандемија.“- заклучи Забрчанец.