23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Вештаци потврдија дека случајот „27 април“ е граден врз основа на лажен исказ

Стручни вештаци потврдија дека случајот „27 април“ е граден врз основа на лажен исказ. Овој случај од СДСМ и Зоран Заев е брутално злоупотребен за индивидуална и политичка атака врз ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Полека но сигурно излегуваат на површина монструозното злосторство и судските нарачки на Зоран Заев за овој случај. Луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој, според стручните вештаци, дал лажен исказ. Од друга страна, Заев ги награди оние што ја водеа оваа хајка. Денес, Вилма Русковска е главен обвинител, која останува слепа за многубројни криминални скандали, а судијката Добрила Кацарска е нов уставен судија. Ако се има предвид дека досега е познато оти Заев лично како премиер праќал пораки до својот советник и белосветски мешетар Басановиќ, кому му ја исполнува желбата на обвинетата во Меѓународниот сојуз, Мандиќ, да не ѝ биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има предвид дека Заев јавно на аудиоснимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од Обвинителството, па потоа му се случи рекетот, каде што е вмешан целиот државен врв и каде што главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност стои зад конструкциите поврзани со случајот ’27 април’“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев е директно одговорен што по 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин.

„По 4 години, тој се откажа од проверката (ветингот) затоа што истите сваровски и трас-трас судии станаа најверните слуги на Заев. Заев е извор на проблемите и тој мора да си оди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.