Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 190 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 190 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 24 возачи, 13 за нерегистрирани возила, седуммина за технички неисправни возила во јавниот превоз, а 17 возачи се казнети за користење мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за минување на црвено светло, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило е подигнато со „пајакот“.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +