22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Граѓаните со блокирани сметки ќе останат без помошта од државата ако до петок не отворат нова сметка

Граѓаните кои се на списокот за добивање државна помош од шест илјади денари, доколку до петок не ги ажурираат податоците во банка, можат да останат без пари.

Со соопштенија на своите веб-страници банките ги повикуваат најдоцна до петок, 25 овој месец, да дојдат и да си ги ажурираат податоците. Потоа ќе им отворат наменски сметки на кои ќе легне помошта, која ќе можат да си ја подигнат.

Ова правило досега не беше јасно кажано од Владата, а истото важи и за граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банките.

„Потребно е најдоцна до 25.12.2020 година да отворат трансакциска сметка, или да ги ажурираат личните податоци во Банката за да може да им се исплати финансиската помош од Владата. Доколку не бидат ажурирани податоците, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на нивната сметка, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ“, соопштуваат комерцијалните банки.

Исто така, ги повикуваат и граѓаните кои немаат трансакциска сметка да дојдат во најкус можен рок за да им се отвори, за да можат да ги добијат парите.

Дел од банките ги информираат своите клиенти корисници на таа помош дека ќе им испратат СМС-пораки за деталите околу исплатата.

Извршителите неможат во никој случај да имаат пристап до овие шест илјади денари односно, банките не смеат и немаат право шесте илјади денари да ги префрлаат за исплата на долгови кон извршители или за заостанати рати за кредитни обврски.