Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Од петок пад на температурата и дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следната недела

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по котлините, освен утре кога во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Промена на времето се очекува од петок попладне, која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со опаѓање на дневната температура.

Прогноза за 22.12.2020
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Сончево со умерена облачност, по котлините значително облачно со појава на магла.

Прогноза за 23.12.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност. По котлините значително облачно со појава на магла, особено претпладне. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 24.12.2020
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК