Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Прилепчанката по која се трагаше пронајдена мртва во водите на прилепското вештачко езеро

Во водите на прилепското вештачко езеро утринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка по која се трагаше откако го напуштла својот дом околу 23 часот на 16 декември.

Во градот и во околината со доброволци континуирано се вршеше целодневна потрага по 50-годишната Весна Николоска.

За денеска како можност беше оставено пребарувањето во водите на прилепското вештачко езеро, каде потрагата заврши со трагичен крај.

Од МВР информираат дека телото било пронајдено во водите на езерото кај рудникот ‘Сивец’ во Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

Вчера, потрагата се прошири и во Кавадарци и Неготино, откако на социјалните мрежи се сподели вест дека неколку лица наводно ја забележале како купува свеќи во близина на црквата во Кавадарци, а потоа и на автобуската станица во градот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК