Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Светска туристичка организација: 2020 е најлошата година во историјата на туризмот

Со 72 проценти помалку меѓународни пристигнувања во првите десет месеци и глобална загуба од 935 милијарди долари на приходи од извоз, ова е најлошата година во историјата на светскиот туризам, а достигнување на нивото на сообраќај од 2019 година се очекува за две до четири или повеќе години, велат од Светската туристичка организација (UNWTO).

Презентирајќи ги најновите податоци, според кои дестинациите во светот од почетокот на 2020 до крајот на октомври примиле 900 милиони странски туристи помалку, отколку во истиот период во 2019 година, UNWTO тоа директно го поврза со пандемиските влијанија и воведувањето на ограничувања на патувањето, со што, како што се вели, значително е намалена довербата и побарувачката за патувања.

За загубата од 935 милијарди долари во извозот од меѓународниот туризам, од организацијата велат дека е повеќе од десет пати поголема отколку во 2009 година поради глобалната економска криза, додека целокупниот огромен пад на туризмот поради пандемијата предупредуваат дека може да резултира со економска загуба од 2.000 милијарди долари од светскиот БДП.

„Врз основа на сегашните податоци за целата 2020 година, UNWTO очекува пад на меѓународните пристигнувања за 70 до 75 проценти во споредба со 2019 година, со што глобалниот туризам се враќа на нивото од пред 30 години. Тоа значи милијарда помалку пристигнувања на странски туристи и загуби од околу 1,1 трилион долари во приходи од меѓународен туризам“, соопшти UNWTO.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК