11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прв црвен дрворед во Скопје

Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8 Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.

„Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8 Септември, чијашто реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија: Позната јачината и епицентарот

ДЕСК

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

ДЕСК

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

ДЕСК