Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Пријавувањето за новата кредитна линија на Развојната банка – „Ковид 3“ почнува на 16 декември

Сојузот на стопанските комори на Македонија информира дека пријавувањето за новата кредитна линија на Развојната банка – „Ковид 3“ за дирекно кредитирање микро и мали претпријатија погодени од кризата почнува на 16 и ќе трае до 30 декември.

На 7 декември Развојната банка го објави јавниот повик за третата бескаматна кредитна линија со грант-компонента наменета за микро и мали трговски друштва, трговци поединци, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) класифицирани во согласност со тековната состојба. Кредитот е наменет за обезбедување основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал, како и поддршка при реализација на проекти за купување основни средства во функција на реализација на бизнисот.

Документите за аплицирање се објавени на веб-страницата на Развојната банка кај јавниот повик во делот „Формулари“.

Во рамките на повикот е објавено упатство за пријавување, кое содржи детаљни информации за постапката за изготвување и поднесување на кредитното барање.

Критериум за одлучување при доделување на средствата ќе биде принципот прв дојден, прв услужен.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК