Зголемувањето на бројот на инфицирани со коронавирусот не е нешто што се случува само во нашата држава, туку и во регионот, во Европа, а тоа претходно го најавуваше Комисијата за здравствени болести дека наесен ќе има бран, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за „Клик плус“ на ТВ21.
Тој повика на доследно почитување на мерките, додавајќи дека најголемиот дел од граѓаните се совесни, но еден процент секогаш не ги почитуваат мерките, не само овие, туку и да речеме сообраќајните прописи и слично.
Во врска со претстојните новогодишни и божиќни празници и зголемениот ризик од ширење на коронавирусот, Спасовски рече дека се очекуваме став, препорака од КЗК по, проценка на ризикот.
Во МВР веќе посебно го следиме издавањето на објекти за славење на божиќни и новогодишни празници и сериозно ќе преземаме мерки, бидејќи групирањето многу луѓе е потенцијална опасност, рече Спасовски.
Тој додаде дека МВР покажа сериозна подготвеност, покрај лекарите, полицијата и армијата стојат на браникот на ширење на вирусот, полицијата врши контрола на граѓаните што се во изолација, заедно со инспекторите врши контрола на угостителски објекти, институции, приватни мерки, носење заштита опрема, итн.
Благодарност и признание на сите што придонесуваат за спречување.
На дневна основа ги следиме, релативно мал број позитивни 350 заразени
Преземаме секоја мерка за заштита на полициски службеници, и сега има релативно мал број позитивни, односно 350 заразени од редовите на МВР, рече вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за „клик плус“ на ТВ21.