Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев се прости од Баге: Вечна му слава- нека почива во мир

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера почина на 67-годишна возраст.

„Силно ме погоди веста за смртта на Благоја Стефановски Баге, омилен другар за неговите пријатели и исклучително креативен соработник зад кој останаа густо испишани страници од неговите многубројни активности.

Од театарската и политичката сцена си замина актер со исклучителен талент, член не семејство со докажани и врвни артистички традиции, кој остави длабоки и автентични траги во театарот, културата и во политиката како министер за култура.

Додека беше директор на Народниот театар во Битола, го претвори овој град во средиште и вруток на театарот и на театарските иновации во регионот и во Европа.
Ги освои сите можни награди на фестивалите во поранешна Југославија.

Неговата неуморна работа и посветеност внесуваа свежина и посебен дух кога беше во управните одбори или на чело на нашите најзначајни уметнички фестивали како „Охридско лето“ и „Војдан Чернодрински“.

Неуморно ги прошируваше своите и лимитите на театарскиот израз и организирање и се втурна и во истражување на независната сцена и го оформи и успешно го раководеше Мал драмски театар.

Вечна му слава. Нека почива во мир.“ напиша Заев на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

ДЕСК

Претседателот Костадиновски оствари средба со амбасадорката на НР Кина, Џијанг Сјаојан

ДЕСК

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

ДЕСК