Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев може да одговара за велепредавство штом прифатил учебници по бугарски терк

Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соред нив, како што го нарекуваат, премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците.

„Заев и официјално почна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од сè што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?“, јавно прашуваат од опозициската партија.

Од таму повикуваат дека сега е моментот сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротивстават на ова и ќе го заштититат македонскиот идентитет или ќе бидат соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.

„Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК