13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче, која значи смрт за народот

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче, која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од коронавирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека сè е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со часови да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат, за жал, секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и коронавирусот“, велат од партијата.