14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Aхмети и грчкиот амбасадор разговараа за преспанскиот договор

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на проштална средба го пречека амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис, по повод завршувањето на неговиот мандат како амбасадор во Република Северна Македонија.

За време на оваа средба, Ахмети му се заблагодари на Јанакакис за добрата билатерална соработка за време на неговиот мандат и изрази благодарност за неговата ангажираност за приближување на нашите две земји.

Ахмети и Јанакакис разговараа и за важноста на потпишувањето на преспанскиот договор, по што Ахмети му се заблагодари на грчкиот амбасадор за посветеноста и за неговата конструктивна улога.

Ахмети ја истакна потребата и подготвеноста за строго спроведување на Договорот од Преспа.

Претседателот на ДУИ му кажа на амбасадорот дека нивната поддршка за Република Северна Македонија во интеграцискиот пат кон Европската Унија е исклучително важна.

На оваа средба Ахмети и Јанакакис разговараа и за отвореното прашање со Бугарија, при што Ахмети ја истакна важноста од затворање на спорот во европскиот дух на добрососедство.

Ахмети и Јанакакис на крајот од оваа проштална средба се согласија дека двете земји, Република Северна Македонија и Грција треба да продолжат да одржуваат добри односи во сите области, особено во областа на економијата што е во интерес на сите граѓани во двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК