Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Костадинов: Парламентот не е циркус, како што се обидува да го направи опозицијата

Фејсбук статус на Костадин Костадинов портпарол и пратеник на СДСМ:

Амандмани за буџетот за 2021 поднесени од целата опозиција, 600.

Амандмани поднесени на деловникот за работа од далечина во ситуација на Ковид19 пандемија, поднесени од цела опозиција, над 3.000.
Што ви кажува ова почитувани граѓани.

Јас ја разбирам потребата на опозицијата да поентира, да профитира политички, но без притоа да си играат играчка со собрание.
Не е тоа суштината за која не гласале граѓаните.

Левица една партија која ги примами симпатиите на еден мал дел граѓани, која експлицитно вети дека ќе се залага пред се за подобрување на работничките права, до сега нема поднесено ниту еден единствен амандман по однос на тоа прашање.

Парламентот не е циркус, како што се обидува да го направи опозицијата.

Во ред е понекогаш да има различен наратив на говорница, и тоа е позитивно, барем јас така го гледам, но да земаме плата од граѓаните а притоа исклучиво да навредувате, да лажете, да ширите страв и паника е недолично.

Дајте бре опозицијо барем изработете си ја платата, не мора повеќе…

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК