12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанецот кој ја уби невенчаната сопруга и ја фрли на отпад од заклани животни заработи обвинение

Од Обвинителството информираат дека е поднесено обвинение против маж за извршено убиство при семејно насилство.

-Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која живеел во вонбрачна заедница. На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала.

Порталот 24инфо информира дека откако мажот ја убил деовјката, нејзиното тело го однел на див отпад за заклани животни во атар на село Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар, информираат од Обвинителството.

Спонзорирано: