19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Хидро, толку ли го мразиш сопствениот народ. Немој да го малтретираш за лични цели!” – Откако Мицкоски најави дека утре ќе го блокира Скопје жестоки реакции на социјалните мрежи

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика, новата најава на Христијан Мицкоски за блокада на Скопје во работно време, што најверојатно ќе предизвика сообраќаен хаос низ главниот град. Уште пострашно е што доколку се повторат сликите на групирање на неколку стотини граѓани на едно место, од црно-саботните протести, кога беа прекршшени здравствените мерки за групирање.

– Хидро аман толку ли го мразиш македонскиот народ, ма немој да го малтретираш за сопствени цели. Џабе ти е само се брукаш, напишал граѓанин на фејсбук страницата на Centar.mk, под веста за најавата за блокада на Скопје.

– Војводите ја бараат петокраката што сами ја извадија од грбот на Македонија во 2009 година. Главен на протестот авторот на книгата “Исчашена азбука” и барателот за ревизија на македонската азбука изгубен во замислата за враќање на буквите мала и голема ЕР.Дали сега ЏУЏЕТО од Небрегово би им/му простил?, пишува друг граѓанин со името Стефан.

– Господа јас вистина незнам со каква намера го втурнувате народот во во вакви собиранки, кога гледате колку има заразени секој ден, ни умираат комшии роднини, пријатели, народот е уплашен. Вашите ставови и несогласувања можете да ги искажете преку социјалните мрежи, медиуми и други средства за информирање. Како може тоа незадоволство да го искажувате на овој начин, прво со автомобилите уште повеќе го загадувате воздухот, гледам иа и групирање на повеќе од четворица, не се држи растојание. На народот не му е дојдено до политика. Само господ нека ни е напомош, господ сите да ги чува, па и моето семејство, пишува друг граѓанин.

– Нели не смееме повеќе од четворица да се собираме, па тогаш каде се полицијата и војската да ги оладат и растераат со шмркови, пишува друг граѓанин.

– Па нема веќе во криминално- белата палата ќе им ја одземат и сега на улица останаа, додава друг граѓанин.

– Нешто попаметно да кажеше? Па нели он имаше решение како да го исчисти водзухот во Скопје. Уосталом што не го исчистија… 11 години беа на власта, или немаа време за тоа? прашува друг граѓанин.