Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бочварски: Забрзано се гради автопатот Кичево-Охрид, за овој проект успеавме да заштедиме 95 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во емисијата 24 анализа на ТВ 24, рече дека автопатот Кичево-Охрид е еден од проблематичните наследени проекти, за кој немаше проекти за клучки и куп недоследности, како неутврдувањето на косини, градеше без геомеханички испитувања, правење тунел, кај што не треба да има.

Сега сите проблеми се отклонети, завршени се сите проекти за 8 клучки, 25% од трасата беше репроектирана и во вториот квартал од оваа година е регистриран сериозен прогрес на автопатот Кичево-Охрид, таму на терен работат 820-850 работници и 470 градежни машини секој ден, истакна Бочварски.

Тој додаде дека се намалени трошоците за изградба на овој патен правец, од оние што во четири очи ги договараа Миле Јанакиевски и Никола Груевски, за што слушнаа сите граѓани.

Заштедата на владата на СДСМ за автопатот Кичево-Охрид е до 95 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК