Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Граѓаните застанаа зад нас зашто со храбри и патриотски одлуки чекориме кон ЕУ

Владата преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна евроатлантска иднина на државата со загарантиран и признаен идентитет и јазик, велат од владејачката СДСМ.

„Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик и во ниту еден момент никој нема намера да преговара за идентитетот, јазикот и правото на самоопределување“, стои во соопштението во кое се нагласува дека граѓаните застанале зад СДСМ, избрајќи европска иднина, со, носење на како, што се вели, храбри и патриотски одлуки кои ја движат македонската држава кон исполнување на стратешките цели.

Од партијата истакнуваат дека резултатите на политиките на СДСМ се видливи на дело.

„За само три години станавме членка на НАТО со лична карта како македонски народ и македонски јазик, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот, а истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК