Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во викендица во Моране пронајдени оружје и килограм марихуана

Секторот за недозволена трговија со дрога при скопската полиција, во рамките на засилените мерки и активности извршил претрес кај 29-годишниот М.Г. во викенд куќа во скопското село Моране.

Како што информираат од МВР, при извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол, а лицето е лишено од слобода.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК