14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се срами од Заев

„Премиерот во заминување, Зоран Заев, е човекот од кој Македонија се срами. Неговата политика на свиткан ‘рбет и пазарење со националните интереси е поразена. Осамен е и исплашен бидејќи му е јасно дека и неговите сопартијци и сите граѓани ја прочитаа неговата погубна политика и сè погласно се спротивставуваат“, соопшти ВМРО-ДПНЕ.

Според партијата, „никој во Македонија нема да му дозволи на Заев за своите лични интереси и задржување на фотелјата да тргува со идентитетот, македонскиот јазик и народ, со историјата. Тој го погази достоинството на Македонците и тоа не само на овие што се денес живи, туку и на илјадниците што ги положиле животите за Македонија“.

„Со кое право ја негира антифашистичката борба, со кое право ја негира македонската борба во илинденскиот период?Затоа, одговорот на народот е жесток и затоа стравот на премиерот во заминување, Зоран Заев, е голем. Народот од него бара, прво, извинување за навредите кон Македонија, кон народот и историјата, а потоа и оставка. Оставка на Заев, слобода за народот. Заев или Македонија“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: