6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Директорот на Универзална сала со поддршка за иницијативата на Заев: Хејтаат, а се кријат со џоинт

Директорот на Универзална сала – Скопје, Филип Аврамчев, му даде јавна поддршка на премиерот Зоран Заев во намерата да ја легализира рекреативната употреба на марихуаната во туристичките центри.

„Најавите на Зоран Заев за легализација на канабисот е една од подобрите и попрогресивни работи што се случиле на македонската политичка сцена. Јасно ми е што истата смета на одредени структури кои со години и те како заработуваат од црниот пазар. Тоа што не можам да си го објаснам е хејтањето на овој потег од страна на одредени мој пријатели, конзументи кои до ден денес се кријат и се плашат да не бидат уапсени за поседување на џоинт. Јас како долгогодишен активист и член на Либерално Демократска Партија ЛДП ќе продолжам конструктивно да се борам и залагам за прогрес и либерализација, а тие нека размислат дали со нивните постапки помагаат на конзервативните сили во нашето општествето и оддржување на статус-квото“, објави Аврамчев на Фејсбук.

Спонзорирано: