Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.
Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:
– сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
– да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК