Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со новоназначениот француски амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со новонименуваниот француски амбасадор Силир Бомгартнер, на која Мицкоски му посака добредојде и му посака плодотворна работа во земјата.

На средбата, на која учествувале и партискиот потпретседател Александар Николски и Игор Николов, се разговарало за актуелната политичка, економска, како и здравствена состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Новиот француски амбасадор Бомгартнер бил запознаен со последиците од корона-кризата со кои се соочува земјата на здравствен и економски план, а станало збор и за бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.

Мицкоски упатил благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ.

Тој го информирал новиот француски амбасадор дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и тоа дека ќе имаат позитивно влијание на членството во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК