16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за поранешниот градоначалник на Зелениково, делел пари за недовршени реконструкции

Управата за финансиска полиција до скопското Основно јавно обвинителсво поднесе кривични пријави против Веле Груевски, поранешен градоначалник на општина Зелениково, во периодот од 2013 до 2017 година, лицето И. Н. во својство на управител на друштвото за завршни и занаетчиски работи во градежништвото „Изолација“, С. Т. во својство на инженер за изведба, Б. Ј. Ј. во својство на надзорен орган, С. С. Б. во својство на претседател на комисијата за јавната набавка, и Д. Ѓ. и К. С. во својство на член на комисијата за јавна набавка, поради основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и поттикнување.

Поранешниот градоначалник во соизвршителство со третопријавениот С. Т. во својство на инженер за изведба и четвртопријавената Б. Ј. Ј. во својство на надзорен инженер, поттикнати од И. Н. во својство на управител на Друштвото за завршни и занаетчиски работи, во текот на 2017 година ја злоупотребиле службената положба и овластувањето на начини што првопријавениот потпишал и исплатил средства во износ од 2.198.109 денари од буџетот на Општината на сметката на пријавеното друштво „Изолација“.

Друштвото наводно извршило работи за крпење дупки иако наведените работи не биле во целост извршени ни по квалитет ни по квантитет и на тој начин ѝ предзивикале штета на Општина Зелениково во износ од 903.190 денари.

Петтопријавената С. С. Б. во својство на претседател на комисијата за јавната набавка, а шестопријавената Д. Ѓ. и седмопријавената К. С. во својство на членови на комисијата, во текот на 2017 година, поттикнати од второпријавениот И. Н., ја злоупотебиле својата службена положба и овластувањата на начин што свесно и со однапред утврдена намера во постапката за јавна набавка на градежни работи предвиделе ограничувачки и дискриминаторски критериуми, не побарале задолжителна согласност од Советот за јавните набавки, извршиле незаконска евалуација на понудите и спротивно на законските прописи понудата поднесена од страна на пријавениото Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото „Изолација“ ја избрале за најповолна притоа овозможувајќи му на пријавениот правен субјект да стекне противправна корист од 2.536.943 денари.