Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Ние друга алтернатива освен нашиот европски пат немаме, јас би дал шанса до самиот крај на можноста да се разговара

Премиерот на Северна Макеоднија, Зоран Заев во вечерашната емисија Клик Плус, на ТВ21, кажадека земјата и натаму продолжува по патот кој води до полноправно членство во ЕУ и како што каж дава шанса до самиот крај на можноста да се разговара за ситуацијата со Бугарија.

“Ние друга алтернатива немаме освен нашиот европски пат, интеграцијата на Р.Северна Македонија во ЕУ и ќе продолжиме по тој пат.Јас се надевам искрено низ поглавјата се надевам дека тоа ќе биде уште сега до крајна можност а тоа е декември 2020г за време на германското претседателство. Секако поради изнаоѓањето на решението остануваме на принципите кои се важни секогаш за да се постигне договор а тоа е тие да водат грижа за нас и нашите позиции, ние да водиме грижа за нив и нивните позиции и низ духот на пријателството тоа да го постигнеме”, кажа Заев.

Заев причината за одлуката на Бугарија ја гледа во приближувањето на датумот за избори во Бугарија.

“Немам друго објаснување за мене освен дека близината на изборите во Бугарија се причината но јас би дал шанса до самиот крај на можноста да се разговара за ова затоа што верувам дека сепак е можно да се постигне решение.

Заев кажа дека и после оваа одлука, државата продолжува со реформите и европскиот пат.

“Реформите продолжуваат, прочистување на правосудството е почнато, почнуваме со реформите во образованието, продолжуваме со сите други реформи кои се важни пред се економските реформи во државата иако Ковид. Се бориме како и секоја земја со ковид и ние друг пат немаме.“

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики

ДЕСК

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК