Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од коронавирус почина лидерот на првата влашка партија во Македонија

На 61-годишна возраст денеска почина Мите Костов Папули, претседател на првата влашка политичка партија во нашата држава. Папули ја изгубил битката со Ковид 19.

Мите Костов Папули е роден во с.Аџибегово, Светиниколско, а дипломираше и магистрираше на Економскиот факултет во Скопје. Беше долгогодишен активист и борец за влашкото прашање, со својот ангажман даде огромен придонес за промовирање и афирмирање на влашкиот јазик и култура, долгогодишен претседател на Лигата на Власите, иницијатор за формирање на Влашката редакција при МРТ, Меѓународниот совет на Власите, иницијатор за формирање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за изучување на влашкиот јазик во основните училишта и на Филолошкиот факултет во Скопје.

Тој е добитник на многубројни домашни и меѓународни признанија и плакети во врска со неговиот ангажман околу влашкото прашање, но и во областа на економијата.

– Битката со чумата на 21 век денеска ја загуби претседателот на Партијата на Власите Мите Костов Папули. Иако идеолошки двете партии на Власите делуваа различно, нивната цел беше и останува иста. За таа цел се бореше и Мите над 30 години. Почивај во мир Hristolu s lu iarta, информираа од Партијата на Власите.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК