20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВИЗБОР

“Специјално прашање до Захариева: Што мајка барале вашиот Тодор Живков, Маргарет Тачер, и 124 официјални државни делегации на погребот на Тито?”

Специјално прашање до Захариева: Што мајка барале вашиот Тодор Живков, Маргарет Тачер, и 124 официјални државни делегации на погребот на Тито?, прашуваат од фан страната “Сеир”, објавувајќи принтскрин од Википедија, каде може да се погледнат делегациите кои присуствувале на погребот на Тито.

– И до кога веќе со тезите на Тодор Живков ќе ни солите европејска памет?, пишува популарната фан страница.

Ваквото прашање, очигледно, доаѓа по најновата несреќна изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во која вели:

– „Од една страна, не можете да сакате да бидете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислуваа Тито и Сталин, со тоа и завршуваме работа на Москва“, рече Захариева.

По ова зовреа социјалните мрежи и медиумите, особен интерес ваквата изјава на Захариева наиде и кај српските медиуми.

Дали Захариева со серијата изјави ги сруши и ги распарчи ионака тешко изградените сипмпатии последниве неколку години кон соседна Бугарија, останува да видиме, но според многумина едно е јасно, дека ваквата стратегија на властите на Бугарија, дефинитивно покрај што го урива европскиот сон и надеж за ЕУ на Македонскиот народ, се на огромна штета на Бугарија.

Спонзорирано: