Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

При претрес во прилепско село пронајдени пет пушки и украден автомобил

Прилепската полиција извршила три претреси во селото Големо Радобил, при што се пронајдени и одземени пет пушки и автомобил за кој претходно било пријавено дека е украден.

Од МВР информираат дека во домот на М. М. (52) бил пронајден ловен карабин 7,9, модел „98“, кај Т. Ј. (41) пронајдени и одземени биле два ловни карабина и 42 парчиња муниција и кај Ф. Ц. (49) пронајдени и одземени биле една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин, како и возило „волво“, кое претходно било пријавено за украдено.

Против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +