Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Недела-неработен ден ќе биде исклучок за здравството, полицијата, противпожарната служба

Економско-социјалниот совет предлогот недела да биде неработен ден го оцени позитивно.

Од страна на работодавачите, било побарано да има исклучоци од оваа одлука особено за оние дејнсоти кои се оценети како специфични, односно нивното функциониарње не смее да запре.Такви се индустриите и производството, како и дејностите кои се од витално значење за граѓаните како што се здравството, полицијата, противпожарната служба и други.

Во Економско-социјалниот совет членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како социјални партнери.

Во однос на подготовката на новото законско решение за недела-неработен ден, министерката Јагода Шахпаска во вчерашната емисија на Телма изјави дека работните групи и сите засегнати страни работат секојдневно, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение и во ниту еден момент не би се загрозило функционирањето на општеството и ќе има исклучоци за оние дејности кои се неопходни.

Можеби ќе ве интересира

Оваа грешка многу граѓани ја прават со сметките за струја, вода и данок – после следуваат камати

ДЕСК

Државата дели по 3.000 денари за вработени млади до 23 години

ДЕСК

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност

ДЕСК