16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Лукаревска: Буџетот за 2021 година ќе го држиме во добра динамика

„Очекувам следната година, откако ќе се намали бројката на заразени од Ковид 19, дека ќе успееме да го држиме буџетот во добра динамика. Имаме реални предуслови да го очекуваме тоа. Ако направиме споредба со годинава, година во која речиси целосно сме окупирани со корона вирусот, а имаме солидна наплата на даноци, тогаш навистина е реално буџетот за 2021 година да биде одржлив и развоен.“- коментираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа низ проекција на бројките заклучи дека оваа одина, и покрај пандемијата, воопшто не завршува лошо за УЈП, но и за државата.

„Можам да кажам дека бројките за октомври се навистина одлични, имаме наплатено 8.2 милијарди денари и со даночните приливи го имаме надминато просекот, и овој октомври имаме подобра наплата од ланскиот, кога немаше здравствена и економска криза. Ако се погледнат и другите бројки секаде, кај сите видови даноци,имаме зголемена наплата, но еве да оставиме да завршат и ноември и декември и да видиме како ќе финишираме оваа година. Сакам да истакнам дека е многу важно, особено за функционирањето на компаниите, како и за процесот на градење соработка, тоа што успеваме секогаш навремено да направиме поврат на ДДВ и тоа така и ќе остане.“- изјави Лукаревска.

Спонзорирано: