21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје ќе им додели финансиска помош на јавните градски претпријатија

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9. вонредна седница, на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата на корона-пандемијата.

Со првата одлука Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од буџетот на РСМ, обезбедени со последниот ребаланс, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде што се доделува неповратна финансиска помош во износ од 45.000.000 денари.

Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде што со средства од буџетот на Град Скопје, поради тешкотии во работењето предизвикани од кризата на корона-пандемијата, треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75.000.000 денари, или 40.000.000 денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15.000.000 денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20.000.000 денари за ЈП „Паркови и зеленило“.

Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Лимани: Се проширува булеварот „Браќа Ѓиноски“ на четири ленти, се отвораат и четири нови улици

ДЕСК

Машинско залевање на пукнатините на коловозните површини на градските сообраќајници

ДЕСК

Герасимовски: Реконструкцијата на ,,11 Октомври“ е во полн ек, учениците почнуваат со настава во подобри услови

ДЕСК