Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бесплатна вакцинација против сезонскиот грип за здравствените работници на нивните работни места

Министерството за здравство информира дека во оваа сезона на вакцинација против сезонскиот грип првпат е овозможена бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи наместо да одат како и досега во центрите за јавно здравје. Ќе се опфатат здравствените работници што пројавиле интерес за вакцинација од јавноздравствените установи во државата.

„На овој начин вакцината ја направивме подостапна за сите здравствени работници како една од ризичните категории, чија заштита во услови на Ковид-19 е многу значајна.

Во првата испорака до установите се обезбедија 2.790 вакцини. Во најбрз рок ќе бидат испорачани и дополнителни количини поради големиот интерес помеѓу здравствените работници.​

Во вторникот почна вакцинацијата против сезонскиот грип, а граѓаните може да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. За оваа година набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година. Трета година обезбедуваме бесплатна вакцинација за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години“, велат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +