Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

CENTAR ДОЗНАВА: Полицијата ги приведе напаѓачите на членот на „Комити“ во Градскиот парк во Скопје

На 09.11.2020 година, Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по чл.386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица извршиле кривично дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно чл.319 од КЗ, дознава Centar.mk.

Имено, кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени.

Известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ.Петров и Ф.К. Вардар, на бул.Ѓорче Петров во Скопје, дознава Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.