Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(видео) Почнува процедурата за прогласување на Недела како неработен ден

Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓаните. Сега во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства, рече на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд на СДСМ.

„Ова е сериозен чекор во градењето на фер и праведно општество за сите, сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките“, порача претставникот на владејачката партија.

Живковиќ додаде дека веројатно ќе има работодавачи и менаџери, па дури и работници за кои недела како неработен ден нема да биде начелно прифатлив и како што посочи, тоа е нивно право.

„Преку отворен и инклузивен процес на дебата ќе дојдеме до решение кое ќе биде целосно прифатливо и за работнциите и за синдикатите и за работодавачите и за стопанските комори“, кажа тој.

Воедно, порача дека со недела како неработен ден за сите, општеството ќе добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд, а тоа го оцени и како бенефит за државата.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК