Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Над 60 санкции за еден час во Гевгелија

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Гевгелија, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Гевгелија.


„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Гевгелија да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Гевгелија се изречени над 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Гевгелија ќе бидат презентирани утре.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК