15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАБИЗНИС

Над 200.000 граѓани ќе добијат поврат од ДДВ веќе од следната недела

Исплатите на средствата од мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат од следната недела, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, откако во Собранието беа изгласани законите за мерките од четвртиот економски пакет.

Граѓани треба да добијат над еден милион евра поврат на ДДВ од вкупниот промет од промет од девет милиони евра кој беше реализиран на 10, 11 и 12 октомври. Овие бројки се далеку пониски од владините проекции според кој требаше да потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ да биде 17 милиони евра.

Според податоците од УЈП, поврат на ДДВ ќе добијат вкупно 204.088 граѓани кои купувале македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Во пакет со овие исплати треба да пристигне исплатата и за повратот од ДДВ за третиот квартал.

Спонзорирано: