23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Зеќири: Следува ново зголемување на платите на здравствените работници

„СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обезбедување подобри услуги за граѓаните.Санирањето на хаосот наследен во здравството, предизвикан со 11-годишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, со вложување во здравствените институции и пред се во човечкиот капитал се покажа како клучен фактор за добро менаџирање на најголемата здравствена криза досега“, изјави Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

Според неа, за разлика од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се погазуваше трудот и стручноста на здравствените работници, СДСМ континуирано вложува во човечкиот капитал во здравството.

„За три години, со контиунуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, за 5% на здравствени соработници и на помошно-техничкиот персонал.Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.Истовремено со покачување на платите во здравството за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.За периодот 2019-2022 година се одобрени 931 спрецијализација и 130 субспецијализации, кои се финансираат со средства обезбедени од јавните здравствени установи“, додаде таа.