Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Со јакнење на стручните служби во училиштата работиме на сочувување на менталното здравје на учениците

Министерството за образование и наука продолжува да ги јакне стручните служби во средните училишта, кои, освен што се важни за обезбедување квалитетен воспитно-образовен процес, треба да бидат и поддршка во сочувувањето на менталното здравје на учениците, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Во поздравното обраќање на вебинарот наменет за стручни соработници од средните училишта Царовска истакна дека многу е важно преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата, која е стожер во процесот на планирање, организација и спроведување на воспитно-образовниот процес

„Психолозите, педагозите и другите стручни соработници ни се важни во образовниот процес и сочувувањето на менталното здравје на учениците не само во време на пандемија туку воопшто во целиот едукативен процес. Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на јакнење на оваа значајна служба“, рече Царовска.

На вебинарот беа презентирани протоколите за работа во услови на пандемија. За начинот на организација и работа на училишните стручни служби во вонредни услови, кога дел од воспитно-образовниот процес се одвива онлајн, а дел со физичко присуство на учениците во училиштата, говореа искусни педагози, психолози и специјални едукатори.

Онлајн-обуката е организирана од Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од УНИЦЕФ.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ДЕСК

Нова тура апсења на повеќе локации во Скопје: Седум лица лишени од слобода

ДЕСК

Драма во Прилеп: Граѓанин ја попречувал полицијата при службена интервенција

ДЕСК