Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична за сеча на шума

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б.(40), Р.Б.(20) и Б.Џ.(40), сите од струшкото село Мислодежда, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „кражба“.

Пријавените, на 22.09.2020 во шумското подрачје „Орли врв“, атар на селото Црвена Вода, општина Дебрца, со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, без одобрение за сеча, пресекле околу 19 метри кубни огревно дрво. Тие биле затекнати од полициски службеници и претставници на Шумското стопанство. Дрвната маса била одземена и пренесена во седиштето на Јавното претпријатие.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК