14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАТОП ВЕСТИ

Јанша му честита победа на Трамп иако сè уште нема резултати од гласањето

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, му честита победа на Доналд Трамп на претседателските избори иако сè уште не се објавени резултати и гласовите сè уште се пребројуваат.

Јанша вели дека е јасно дека американскиот народ го избрал Доналд Трамп за уште еден четиригодишен мандат како претседател на САД.

„Колку повеќе одложувања и негирања на фактите во главните медиуми, толку поголем ќе биде конечниот триумф на Трамп“, напиша Јанша на „Твитер“.

Во исто време, Јанша ѝ честиташе на Републиканската партија за силните резултати постигнати низ САД.

Тој претходно јавно ја објави својата поддршка за Трамп, изјавувајќи дека доколку биде избран Џо Бајден, тој ќе биде „најслабиот претседател во историјата“.

Можеби ќе ве интересира

Многу жешко, температури и над 40°C

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме во текот на денов?

ДЕСК

Следува голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК