22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седница на Извршен одбор на СДСМ: Сашко Николов утврден како кандидат за градоначалник на Штип

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат.

Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје.

СДСМ е фаворит на изборите во Штип, поради успешните политики во интерес на граѓаните, поради досегашната работата на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски, и секако поради кандидатот со кој ќе настапи.

Николов, докажан кардиохирург и врвен професионалец е дел од чесната понуда на СДСМ за предвремените локални избори на кои СДСМ оди на победа.

Предлогот на Извршниот одбор за кандидат за градоначалник на Штип, според статутарните одредби ќе биде доставен до општинската конференција на ОО СДСМ Штип.

На седницата, дополнително се разговараше за борбата со коронавирусот во земјава и мерките коишто ги преземаат институциите за заштита на здравјето на граѓаните.

Беше оценето дека ситуацијата е тешка но е под контрола и дека се очекува мерките, вклучително и последните заштитни мерки донесени денеска да го зголемат степенот на превенција од ширење на заразата со вирусот КОВИД 19. ИО на СДСМ го осуди деструктивното однесување на опозицијата кое е на директна штета на најважното, здравјето на граѓаните.

Во однос на економските последици од коронавирусот, членовите на ИО на СДСМ ја потенцираа важноста од навремена, неселективна и ефикасна реализација на четвртиот пакет антикризни мерки кои имаат за цел сериозна помош и поддршка на работнциите, ранливите категории граѓани и компаниите погодени од коронакризата.

Членовите на ИО ја реафирмираа заложбата за напредок во процесот на интеграција во ЕУ, преку одржување на првата меѓувладина конференција и започнување на преговорите за време на германското претседателство.

Борбата против корупцијата и криминалот, правдата, остануваат високо на агендата на Владата предводена од СДСМ.