Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски е неодговорен, единствено се грижи само да ја задржи фотелјата во белиот дворец

„Кога здравствените работници, институциите, граѓаните пожртвувано се борат против коронавирусот и последиците од пандемијата, Христијан Мицкоски останува неодговорен и лицемерен политичар, кој глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи само како да си ја задржи фотелјата во белиот дворец“, соопшти СДСМ.

Според партијата, од почетокот на кризата со коронавирусот од Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и лажни вести.

„Христијан Мицкоски правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните, а од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи и поради него се отвораа вежбалници и се заклучуваа ресторани.

Негов кадар во преодната Влада кочеше 33 милиони евра пари за опремување на здравствени установи. Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе имавме 16 опремени ковид-болници.Членот на неговиот Извршен комитет Вело Марковски јавно зборува дека вирусот не е опасен и внесува заблуди во јавноста. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање јавни собири за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и здравјето на своите приврзаници и јавното здравје. Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер, кому личните и партиските интереси му се поважни од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Крвав инцидент со пукање во Скопје: Младо момче рането со остар предмет од друго лице кое подоцна се вратило со огнено оружје и пукало

ДЕСК

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК