Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги потценува здравствените работници, им фрла трошки место да ги награди

„Владата предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче наместо пари за здравствените работници фрлаат трошки. Владата на СДСМ креира нов долг што ќе го плаќаат граѓаните, а со тие пари нема награда за здравствените работници, нема пари за подобрување на условите во образованието во услови на корона-криза, нема пари за наставниот кадар, нема пари за бесплатен интернет, нема пари за помошта при невработеност, како и пари за други таргетирани субвенции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо власта предводена од Заев да направи план и стратегија за справување со корона-кризата, граѓаните останаа препуштени сами на себе.

„Најдобрата мерка за целата ситуација со Ковид-19 е многу едноставна, оставка на Филипче и на првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +