Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

По две предупредувања, Град Скопје присилно ќе ги наплаќа даноците за 2019

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004….23/2016), ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.

Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml .

Можеби ќе ве интересира

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

ОХРИД ВЛЕГУВА ВО „СЕЈФ СИТИ“: Почнува нова ера на контрола и безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

ДЕСК