Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нова цена на бензинот и дизелот: Поевтинуваат горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 26.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 26.10.2020 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг и ќе изнесува 25,831 ден/кг.

Од 3.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,00 (денари/литар)
МЕУРОСУПЕР БС -98 60,00 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,831 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување: кај бензинот за 7,942%, дизелот за 6,299%, екстра лесното масло за 6,930 % и кај мазутот намалувањето е 6,467%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,181%.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА! Ограничување на литража при купување на гориво во бензински во Словенија

ДЕСК

Вечерва нов драстичен раст на цените на нафтата

ДЕСК

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК