Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

(Видео) Бислимоски: Гасното поврзување со Грција ќе донесе пониски цени на гасот и до 20 отсто

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски учествуваше на он лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Претседателот Бислимоски пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

„Ни претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 % со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја“, рече Бислимоски.

Тој кажа дека во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намалила за 40 %.

„Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 %. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цента ќе оди надолу . Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово“, изјави Бислимоски.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК